Hyundai подготвува нов кросовер помал од Kona

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Hyundai потврди дека работи на нов градски кросовер кој во април годинава ќе биде претставен на саемот за автомобили во Њујорк.

Станува збор за кросовер кој димензионално ќе биде помал од Kona, а со тоа и значително поевтин. Тоа значи дека димензиите ќе бидат под 4,165 мм во должина, 1,800 мм во широчина и 1,549 мм во висина и ќе чини под 20.000 долари.

Засега не се познати многу технички карактеристики, а се претпоставува дека во понудата ќе дојде со дел од моторите од Kona и ќе има погон на сите четири тркала покрај основната верзија која доаѓа со погон на предните две тркала.

Се очекува во продажба да се појави во 2020 година, а нејасно е дали покрај во Северна Америка ќе биде понуден и во Европа каде овој сегмент бележи значително зголемување на продажбата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK