Русија го добива првиот автономен трамвај

ОБЈАВЕНО НА:

Руската престолнина Москва планира да во промет го пушти првиот автономен трамвај и тоа од 2021 година, пренесуваат руските медиуми.

Во моментов локалните власти заедно со PC Transport Systems и Cognitive Technologies работат на тестирање на овој вид на сообраќајно средство, и како што пренесуваат од компаниите мошне успешно се справува со сите предизвици во сообраќајот.

Овој трамвај е опремен со 10 до 20 камери монтирани во својот периметар како и дополнителни 10 радари и GPS сензори. Покрај околината, централниот компјутер ќе ги прибира и податоците поврзани со временските услови и бројот на патници.

Со воведувањето на автономната технологија во јавниот превоз, значително ќе се зголеми безбедноста, а со ова Русија, заедно со Германија и Кина се вбројува во земјите лидери во имплементацијата на овој вид на технологија во јавниот сообраќаен превоз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK