Rimac доби нов извршен директор

ОБЈАВЕНО НА:

Преку официјално соопштение и објава на официјалната Фејсбук страна, хрватскиот авто производител Rimac Automobili објави дека компанијата доби нов извршен директор.

Станува збор за Тим Ричардсон кој во Хрватска доаѓа од позицијата во BorgWarnera каде беше генерален директор.

“Нашето темпо на раст носи многу предизвици. Тим е успешен извршен директор во автомобилската индустрија со 20 години искуство во водењето на големи оперативни организации. Тој ни се придружува во клучни моменти кога меѓудругото настојуваме да ја структурираме компанијата” изјави Мате Римац кој е основач на оваа компанија.

Своето задоволство од новата работна позиција ја истакна и Ричарддсон кој изјави дека е импресиониран од енергијата на тимот, а исто така потенцираше дека е воодушевен од технологијата во компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK