И Русите се освестија: Забрана за нееколошките возила во Москва

ОБЈАВЕНО НА:

Градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собанин го поддржал предлогот на Советот за човекови права / СПЧ / при рускиот претседател, за ограничување на неекологичните автомобили. Московскиот автопарк е најголем во земјата и Собанин дал задача да се подготви ограничување за движењето на автомобили Евро нормите од 0 до 3.

Право да го ограничуваат движењето на неекологишкиот транспорт руските регионални власти добија по усвојувањето на „Законот за сообраќај” и соодветните акти во Правилникот за спроведување, но засега никој од руските региони не ги искористил своите нови права. Веројатно, како и во случајот со платеното паркирање руската престолнина ќе биде првата, каде ќе има области во кои нема да имаат пристап неекологишките возила.

Според ова транспортните средства со норми Евро 0 и Еуро 1 нема да можат да влезат освен на обиколницата; возилата со стандард Евро 2 и Евро 3 ќе можат да стигнуваат до третиот превозен прстен, а во центарот ќе можат да влегуваат автомобили кои имаат намајлку Евро 4. Исто така, ќе има и точни области околу парковите, каде што ќе можат да влезат само еколошки автомобили.

Исклучок ќе се направи само за специјалниот превоз, техниката за работа и возилата со посебна дозвола. Ограничувањата се очекува да влезат во сила следната година за Москва, како и за другите региони на Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK