Кои се најквалитетните кинески автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кина е најголемиот пазар на нови возила во светот, а домашните и странски компании им нудат на клиентите најразлични модели, од оние кои се познати во Европа и Америка до автомобили кои едвај некогаш ќе ги напуштат пределите на комунистичкиот гигант.

Повеќето од автомобилите кои се произведени во Кина не се со задоволителен квалитет за да можат да бидат продавани во развиените пазари на запад и тоа главно во Европа и во Северна Америка. Тоа го објаснува отсуството на Кина ов вие пазари, а во исто време брендовите од Кина се населија на пазарите каде барањата за квалитет не се особено високи.

Типичен пример за тоа е Иран, каде развојот на домашниот пазар во време на санкциите кои се наметната однадвор, па кинеските компании се тие кои добија можност за да профитираат.

Кинеските компании успеаја да создадат автомобили кои имаат шанса на развиените пазари, а во студијата учествуваа главно кинески и руски аналитирачи. Во продолжение може да се види Топ-3 на ова рангирање.

Chery Tiggo 5

Tiggo 5 е дизајниран во согласност со инженерите од BMW и SAAB, што значи дека при квалитетно извршување на компонентите тие се доволно сигурни. Високата оценка добива однесувањето на кросоверот на пат, дури и при брзина од над 120 км/ч, иако дволитарскиот бензински мотор е малку слаб за возилото со тежина од над 1,6 тони. Историјата на сервизи на Tiggo 5 покажива, дека моторот издржува 300.000 километри пред да има потреба од ремонт.

Слабите страни не се многу, но се типични за кинеското произвдоство. На прво место тоа е недостигот на звучна изолација, дури и при брзина од 90 км/ч, па тоа ги прави разговорите во купето доста тешки. Друг проблем се евтините гуми со кои доаѓа Tiggo 5, но тоа е поправливо. Подоцна се појавуваат проблеми со одредени споеви и пластика во купето, кои се присутни после поминати 50.000 километри.

Lifan Solano II

Lifan е најпродаваниот кинески бренд во Русија веќе неколку години, со многу такси кои одат со овој бренд. Податоците од ремонтите на Solano II покажуват дека основните компоненти се доволно силни. Нивото на удобноста на бордот барем за оваа класа е доста високо, со квалитете аудиосистем, а доаѓа и со екран на допир. Доволно голем е и багажникот, иако има и резервно тркало во целосна големина.

Solano II е создаден на база на една од претходните генерации на Toyota Corolla, а неговите забелешки главно се однесуваат со кинеските промени и најмногу на квалитетот на производството.

Foton Tunland

Foton е еден од најпопуларните кинески брендови на камиони, но одлично се справува и со производство на пикап возила, а Tuland се продава од Тајланд преку Австраија до ЈАР. Креаторите на моделот биле под силно влијание на Ford Rangera, а тоа е најслабата дефиниција за копирање која кинеските компании ја употребуваат често.

Tunland се нуди во две верзии и тоа H-Series и S-Series. За извоз е само H-Series со најкалитетните компоненти. Интересно е тоа доколку се спореди со камионите на Foton, Tuland е можеби најквалитетниот продукт на брендот.

Пикаот е управуван од 2,8-литарски четирицилиндричен турбодизел на Cummins, кој одговара на Euro 5, а шестстепениот автоматик работи непречено и точно и доаѓа од ZF. Топ верзијата на пикапот се продава во Австралија за нешто над 35.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK