Mercedes ќе им исплати по 4.965 евра на своите вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално, на почетокот на секоја деловна година Mercedes ги наградува своите вработени врз основа на севкупните финансиски перформанси во однос на претходната година.

Германскиот производител на своите 130.000 вработени во Германија ќе им исплати бонуси во износ од речиси половина милијарда евра.

Така, во зависност од позицијата и стажот во фирмата вработените ќе добијат до 4.965 евра. Споредбено со претходната година тоа претставува намалување на максималниот бонус за 735 евра, а причината за тоа е понискиот профит кој Mercedes го оствари минатата деловна година, пред се поради пониските маржи.

Инаку оваа практика германскиот производител ја воведе уште во 1997 година и во континуитет во поголеми или помали износи ги исплаќа бонусите на своите вработени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK