Конечно: Ова е внатрешноста на Skoda Kamiq

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата на најновиот SUV на Skoda закажана за во март во Женева, чешкиот производител по претходно објавените скици официјално претстави слика од внатрешноста на овој модел.

Од она што се гледа, внатрешноста е речиси идентична како и кај моделот Scala, а Kamiq е вториот модел кој во екстериерот го содржи најновиот концепт на овој производител.

Централно место во внатрешноста зазема 10,25 инчниот екран на допир кој доаѓа со опција на т.н. виртуелен кокпит. Тука е и редизајнираната инструментална табла која плени со својата едноставност, а издувните отвори за клима одлично се вклопуваат во целиот концепт.

Инжинерите на Skoda доста работеле и на конфорноста, па сега на задната клупа има сосема доволно место за комфорни долги патувања.

Инаку она што е познато за овој модел, должината на овој модел изнесува 4.390 мм, ширината 1.781 мм, висината 1.593 мм додека меѓуоскиното растојание 2,610 мм. Централно место во понудата ќе зазема 1.5 литарскиот TSI мотор кој доаѓа во комбинација со пет степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

На европскиот пазар овој SUV доаѓа во продажба ова лето, а како главни конкуренти се Seat Arona, Renault Capture и Peugeot 2008. Цената останува непознаница, но треба да биде идентична како и Seat Arona.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK