По 17 години пак се продава Honda Passport – Европа нема да го види

ОБЈАВЕНО НА:

По 17 години пауза, јапонскиот производител Honda повторно во продажба го донесе SUV моделот Passport.

Третата генерација од овој модел беше премиерно претставена на саемот во Лос Анџелес минатиот ноември, а сега официјално влегува во продажба со почетна цена од 32 илјади американски долари.

Иако се шпекулираше дека ова ќе биде глобален модел на Honda, сепак на крајот од Honda одлучија овој модел да се продава само на северноамериканскиот пазар, а производството да се одвива само во фабриката во Линколн, Алабама.

Инаку во понудата овој модел ќе биде достапен само со 3.5 литарски v-tec V6 мотор кој доаѓа во комбинација со мануелен и автоматски менувач.

Во понудата на американскиот пазар, Passport се позиционира помеѓу моделите CR-V и Pilot, а доаѓа како конкурент на Chevrolet Blazer, Ford Edge, Hyundai Santa Fe и Nissan Murano.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK