Поранешниот претседател на Управниот одбор на Nissan конечно поднесе оставка од директоркста позиција во француски Renault.
Гон, кој кон крајот на минатата година беше притворен поради истрагата за затајување на данок во Јапонија, долго време ја имаше поддршката од Управниот одбор на францускиот производител, а по започнувањето на нови истраги еднострано си поднесе оставка.
Веднаш по пројавувањето на скандалот, Nissan веднаш го разреши од позицијата прв човек на јапонскиот производител и побара истото да го стори и Renault. Сепак, од францускиот производител одбија да го сторат тоа и безрезервно му даваат поддршка на Гон. Сепак сега Гон е оној кој си поднесува оставка и тоа пред се откако пред неколку дена Владата на Франција која е акционер во овој производител побара да се назначи нов претседател.
Како негов можен наследник во Renault најсериозен кандидат е Жан Доминик Сенард, извршен директор на компанијата Michelin, а во комбинација е и Дидиер Лирој од Toyota.