Lotus ќе се произведува и во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител на автомобили Geely Motors кој е мнозински сопственик на Lotus објави дека од оваа година ќе започне со производството на Lotus автомобили во својата фабрика во Кина.

За таа цел Geely веќе инвестираше 1,3 милијарди американски долари во новата фабрика во Вуан, а целта на Geely е да ја зголеми конкурентноста во сегментот на спортски автомобили во Кина кои се со голема популарност.

“Geely со скапите автомобили може да донесе зголемување на пазарното учество. Компанијата мора тоа да го направи како би била поконкурентна во натпреварувањето со светските брендови” изјави Алан Канг, аналитичар од LMC Automotiv.

Понудата на Lotus во моментов е составена од три спортски автомобили: Evora, Exige и Elise. Истите се произведуваат единствено во фабриката во Норфолк (Англија). Со релокацијата на производството, Lotus треба да прерасне на лидер во својот сегмент во Кина каде во моментов продажбата е незначителна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK