По повод 50. роденден на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, Ferrari во својот музеј во италијанскиот град Маранело отвори специјална изложба.
Насловена како “Michael 50” оваа изложба во длабочина го претставува животот на Шумахер и неговите успеси во Формула 1, особено како член на италијанскиот конструктор.
Во “Собата на успеси” во овој Музеј се прикажани најголем дел од Ferrari болидите што Шумахер ги возеше. Така тука е прикажан моделот F310 кој Шумахер го возеше во 1996 година со кого оствари три победи. Исто така тука е и моделот F399 со кого Шумахер придонесе Ferrari во сезоната 1999 година да победи како најдобар конструктор.
Популарниот Шуми е роден на 3. јануари 1969 година во германскиот град Хорт. Најголемата слава ја доживува како Фoрмула 1 возач на Ferrari, а покрај за италијанскиот конструктор има возено и за Jordan, Benetton и Mercedes. Во ова елитно натпреварување има освоено седум шампионски титули и тоа во сезоните 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004.