Напредокот на технологијата овозможи голема помош во секој сегмент, па и во делот на автомобилите. Сепак, интересните информации кои доаѓаат од Виена велат дека дури 1300 семафори во главниот град на Австрија го регулираат сообраќајот, а се работи за паметни семафори кои придонесуваат за намалување на гужвите.
Покрај тоа што го регулираат движењето на автомобилите тие ги регулираат и пешаците. Ставањето на семафорите во мрежа и поставувањето на камерите за препознавање на пешаци во сообраќајот би требало да придонесе за поголема ефикасност. Покрај тоа семафорите би требало да бидат опремени и со сензори за околината и времето.
Пеметните семафори се тестираат уште од мај во 2017 година на една раскрсница во 10. реон во Виена. За да се обезбеди веродостојност во истражувањето и да се смали можното влијание на однесувањето на пешаците, камерите на семафорите се поставени тајно. Доколку резултатите бидат позитивни, тогаш паметните семафори би требало да ги заменат стандарндите. Цената им е еднаква и изнесува 5000 евра.
Новиот паметен систем за семафори, развиен од Техничкиот универзитет во Грац и одделот за магистри за јавно осветлување ја препознава желбата на пешаците за минување на улиците и во склад со тоа реагира. Системот разликува меѓу луѓето кои стојат на раскрсница и чекаат и оние кои навистина сакаат да ја минат улицата.
Со подобрување на протокот на сообраќајот за пешаци, со новиот систем сакаат да ги стават семафорите во мрежа. Целта е да ги направат паметни и флексибилни. Семафорите би можеле да комуницираат еден со друг и со тоа подобро да се регулира сообраќајот и да се смалат мешаниците како на пример кај сообраќајните несреќи. Собраните информации за сообраќајот би се испраќале и на паметните телефони и навигациски системи во возилата.
Семафорите во Виена ќе бидат опремени и со сензори за околината и времето. Централниот завод за метеорологија и геодинамика (ЗАМГ) планира да постави околу 10.000 сензори низ градот кои би придонеле за следење на температурите, квалитетите и влажноста на воздухот, емисиите за штетни супстанции, врева и други параметри. На ЗАМГ податоците ќе му бидат достапни веднаш и ќе му помогнат во натамошното унапредување на животот во градот.