Паѓа продажбата на автомобили во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Четврти месец редоследно продажбата на нови автомобили во Германија бележи пад, покажуваат последните официјални податоци за продажбата во декември минатата година.

Германскиот пазар кој е најголем пазар на нови автомобили во Европа забележа пад од 6,7% во декември. Така вкупно регистрираните нови автомобили изнесува 237.058 автомобили.

Најголем пад на продажбата забележа Peugeot со пад од 43 отсто додека јапонскиот производител Nissan забележа пад од 39 отсто. Двоцифрен процентуален пад забележа и Renault, Ford, Land Rover, Skoda, Seat, Porsche, Audi и VW. Наспроти овие производители, Volvo забележа најголемо процентуално зголемување на продажбата од 27% по што следи Mitsubishi со 24%, Mercedes-Benz со 22%, Fiat со 20% и Jaguar со 16%.

Причините за падот на продажбата се идентични како и минатите месеци, а најголемо влијание имаат новите WLTP процедури со кои значително се зголемуваат еколошките барања кои треба да бидат исполнети, особено од страна на автомобилите со дизелски агрегати.

Очекувањата се дека и во наредните месеци ќе се забележи пад на продажбата, а првите опоравувања се очекуваат во месец април.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK