Сè што треба да знаете за саемот во Детроит

ОБЈАВЕНО НА:

Од 14 до 27 јануари во Детроит (САД) ќе се одржи традиционалниот саем за автомобили. Овој најголем и најстар саем за автомобили во Северна Америка и оваа година ќе изобилува со бројни новитети и многу возбуда.

Што сè треба да знаеме за претстојниот саем во Детроит, но и за неговата историја?

Овој саем за прв пат се одржал во далечната 1899 година кога и автомобилската индустрија била на самиот почеток. Основач на овој саем е Вилијам Ернест Мецгер, пионер на автомобилската индустрија во Детроит.

Зошто Детроит? Причината зошто првиот саем за автомобили во САД се одржал во Детроит и зошто денес овој саем е најважен во САД е тоа што токму во овој град се “родиле” американските производители Chrysler, Ford и General Motors кој денеска ја сочинуваат “Големата Тројка”. Токму оваа конекција придонесе да изминатите децении овој саем стане центарот на автомобилската индустрија во САД, местото каде домашните производители ги откривале своите најнови модели и достигувања во автомобилската индустрија.

Се до 1987 година овој саем бил национален односно можност за промоција на овој саем имале само американските производители, а пото станува меѓународен. Изминатите десеттина години голем интерес за овој саем поради глобализацијата на американскиот пазар покажуваат азијските и европските производители.

Претстојниот саем ќе се одржи традиционално во јануари и ќе биде последното издание кое ќе се одржи во јануари. Од 2020 година овој саем ќе се одржува во летниот период односно во месец јуни.

И оваа година саемот ќе се одржи на легендарниот Кобо центар во Детроит. Наевтините влезници чинат 14 американски долари, а цената може да достигне и до 500 долари во зависност од програмата.

Засега, на овој саем најавени се десеттина светски премиери и тоа: Cadillac XT6, Ford Explorer, Ford Mustang Shelby GT500, Kia Telluride, Lexus RC F, Ram 2500/3500, Toyota Supra, Volkswagen Passat и др. Тука ќе биде и премиерата на концепт автомобилите на Infiniti EV SUV conecpt и Workhorse Group.

Овогодинешниот саем ќе го пропуштат Audi, BMW и Mercedes-Benz кој најавија отсуство, а од претходно своето неучество го најавија и Porsche, Jaguar, Land Rover и Volvo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK