Долго најавуваниот модел на Porsche, моделот 911 на актуелниот саем во Лос Анџелес ја имаше својата светска саемска премиера.
Иако сите зборуваат за спортскиот карактер кој се огледа во 3.0 литарскиот bi-turbo агрегат со 390 КС и новиот седум степен мануелен менувач, германскиот производител најавува дека овој модел ќе биде понуден и во хибридна изведба.
Според информациите, германскиот производител на луксузни спортски автомобили, во текот на 2022 година ќе понуди хибирдна изведба на овој модел кој ќе ја носи назнаката на 992. Со ова Porsche ќе направи значително збогатување на понудата на електирчни автомобили каде во моментов се најавени Taycan и Cayenne.
Во однос на цената на оваа моделска изведба таа е непознаница, но ако се знае дека цената на основниот модел во САД ќе се движи помеѓу 90 и 100 илјади американски долари, хибридната верзија се очекува да чини над 100 илјади американски долари.