Аргентина важи за земја со богата автомобилска индустрија. Иако нема звучен национален бренд, сепак во оваа земја низ минатото се произведувале бројни брендови. Денес, Аргентина е третиот најголем производител на автомобили во Латинска Америка по Мексико и Бразил, а во оваа земја денес успешно оперираат Fiat, Ford, Iveco, Volkswagen Group, General Motors, Nissan Motors, Toyota, Scania, Mercedes-Benz, Renault, Honda, PSA и други.
Токму плод на оваа развиена автомобилска индустрија е Volt Motors – првиот аргентински производител кој создаде електричен автомобил. Овој производител лоциран во Кордоба целосно дизајнираше, разви и произведе електричен автомобил кој е првиот воопшто произведен во Јужна Америка.
Иако нема многу информации, техничките податоци кажуваат дека овој автомобил е тежок 550 кг, долг само 280 цм, широк 170 цм додека пак висината изнесува 150 цм. Со овие димензионални карактеристики, овој автомобил е идеален мини градски автомобил во рангот на Smart.
Со едно полнење на батеријата овој автомобил може да помине 150 километри додека максималната брзина која може да ја постигне изнесува 110 км/ч. Според официјалната потврда овој автомобил во производство ќе влезе следната година, а во првата година ќе бидат произведени 3.000 примероци.