Откако лани Seat ги претстави амбициозните планови во однос на Cupra, и го најави првиот свој модел, во јавноста стигна и потврда дека до 2021 година односно во наредните три години под овој бренд ќе бидат лансирани дури седум модели.
Откако Volkswagen Групација го стави шпансиот бренд на “здрави нозе”, на почетокот на 2018 го претстави планот за лансирање на брендот Cupra под чиј беџ ќе се развиваат и производуваат спортски автомобили. Со овие модели Volkswagen Групацијата ќе парира на FCA поточно Alfa Romeo.
За таа цел Cupra ќе лансира дури седум нови модели. Ова го потврди директорот за развој Антонио Лабате за време на промоцијата на Cupra Ateca. Toj изјави дека во седумтте модел спаѓа и специјалната верзија на Ateca како и целосно новиот модел кој ќе биде премиерно претставен годинава.