Супер-радари високи четири метри ќе ги ловат возачите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од начините да се фатат брзите и неодговорни возачи е на патиштата да бидат поставени радари. На патиштата низ Франција брзите возачи ќе бидат ловени од страна на нови супермодерни камери. Уредите Mesta Fusion претставуваат кули со висина од четири метри и располагаат со резолуција 36 милиони пиксели, која дозволува да бидат снимени по 32 автомобили во исто време со исклучителен квалитет на сликата.

Софтверот на Mesta Fusion успева да детектира секаков вид на прекршување на зголемената брзина, како и за возење без безбедносен ремен. Камерите исто така ќе снимаат и минување при сигнал за забрана, недржење на дистанца, претекнување на недозволено место и друго.

На француските патишта ќе бидат монтирани и лажни радари. „Работните места“ на Mesta Fusion ќе се менуваат постојано. Три од секои четири кули ќе бидат празни, но возачите нема да знаат кои од нив ќе бидат функционални.

Властите во Франција веќе го испробаа системот со неколку прототипови. Претстои инсталирање на 445 кули Mesta Fusion, а до крајот на 2020 година бројот ќе достигне до 1200.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK