Германците го одбраа автомобилот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Унијата на италијански авто новинари го прогласија DS 7 Crossback за автомобил на годината и нивните колеги од Германија го направија истото.

Жирито составено од 14 германски стручни новинари го избраа првиот електричен автомобил на Jaguar, I-Pace за автомобил на годината. Оваа награда, I-Pace ја доби победувајќи ги останатите 57 кандидати меѓу кои и бројни модели на BMW, Mercedes, Volkswagen, Audi, SEAT, Toyota…

Во финалната “трка”, I-Pace се искачи на престолот пред Audi A6, Volkswagen Touareg, Peugeot 508 и  Hyundai Nexo.
“Неговите перформанси се импресивни исто и дизајнот. Тоа е зошто I-Pace е севкупен победник на силниот натпревар” изјави меѓу другото Јенс Мајнерс, член на жирито.

Инаку ова е прв пат модел на Jaguar да ја добие оваа награда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK