Нема евтини дизели: VW ги стимулира клиентите да ги расходуваат старите возила

ОБЈАВЕНО НА:

Многумина се надеваат дека старите дизелски возила од Германија ќе може да ги купат по багателни цени. Но, германската компанија Volkswagen ќе понуди стимули за купување на нови автомобили, а притоа старите возила да се расходуваат односно уништат. Tоа е начин ваквите возила да се тргнат од улиците, и да не бидат во сообраќај, не само во Германија, туки и во другите земји.

Трговските стумули се однесуваат за нови автомобили и бонуси за отстранување на овие стари возила од улиците. Ова се однесува за постарите возила кои се со еконорми од Евро 1 до Евро 4, пишуваат новинските агенции. Повеќе градови најавија дека ќе забранат дизелски возила на улиците, а некои тоа и го потврдија.

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери ги објавија од порано плановите за намалување на старите и нечисти дизелски возила, и побараа од производителите на автомобили да понудат трговски стимули и попусти за подобрување на еколошките норми кај постарите возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK