Акција на Пнеуматик: Да ги заштитиме децата во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Во сообраќајот не само возилата туку и пешаците, а тие понекогаш се загрозената категорија. За разлика од возрасните, кај младите и децата се уште не е доволно развиена сообраќајната свест па затоа компанијата Пнеуматик во соработка со Општина Центар, Одделението за превенција при СВР-Скопје и основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”, го реализираше првиот дел од проектот Поддржуваме безбедна иднина – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.

Акцијата се состои од два дела и тоа: едукација на учениците од второ одделение и едукација на учениците од четврто одделение. Истата ќе се реализира паралелно во  училиштата во текот на целата учебна година, а со предавањата ќе бидат опфатени сите  централни и подрачни училишта. Едукацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.

Основниот мотив при реализирање на овој проект кој ги засега најмладите, е подигнување на свеста пред се кај возачите, но и кај децата кои се директни учесници во сообраќајот. Младите се нашата иднина и нивната едукација за заштита и безбедност се приоритет на општествено одговорни компании како што е Пнеуматик која донираше заштитни фосфорни елеци кои според потребите, би ги користеле учениците кои одат на еднодневни едукативни посети и работилници надвор од училиштето, со цел да бидат повпечатливи, а со тоа и побезбедни учесници во сообраќајот.

Настанот започна со реализирање на едукативна работилница од областа на сообраќајот за учениците од II-ро одделение – сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ од страна на униформираните полициски службеници кои го задржаа вниманието на најмладите и создадоа голема проактивност во училишниот хол на во ООУ ,,Јохан Хајнрих Песталоци”.

На настанот се обрати Градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, како и претставникот на Пнеуматик – Александар Трајковски, кој воедно ги изнесе и идните планови за реализација на нови проекти во соработка со Одделението за превенција – СВР Скопје.

Активностите ќе продолжат да се одвиваат во текот на целата учебна година и ќе бидат опфатени и други општини на територијата на Град Скопје,бидејќи примарна мисла е сите заедно да ја поддржиме безбедната иднина на најмадите учесници во сообраќајот. Едукацијата и донацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK