Сите модели на Lada добиваат нова платформа

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Group по успешната приказна со Daca се обидува истата да ја преслика на руско тло, истото да го направи со Lada. Инвестициониот план од неколку милијарди евра вклучува целосна промена на платформите на постоечките модели.

Ова го потврди потпретседателот на АвтоВАЗ, Венкатран Мамилапале во рамките на 11. Меѓународен форум за автоиндустрија одржан во рускиот град Тољати.
“Многу е важно да се разбере дека ние зависиме од инжинерингот. Очекуваме нашите добавувачи да бидат квалификувани. Тоа е од големо значење за целата Алијанса. Автомобилските компоненти кои ќе бидат произведени овде, во Русија, може да се користат во целиот свет” изјави Мамилапале меѓу другото.

Покрај новиот, попривлечен дизајн и побогата опрема, до 2021 година сите модели на Lada ќе добијат нови платформи. Во моментов, понудата на рускиот производител е составена од Granta, Vesta, XRay, Largus и 4×4. Два од овие модели се целосно развиени под палката на Renault, а во 2021 година не само што овие модели ќе добијат нови платформи туку ќе добијат и рестилизиран надворешен изглед.

Инаку минатата година, осум од десетте најпродавани автомобили биле од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Со тоа пазарниот уддел изнесувал 36%, а оваа и наредната година, амбициите се овој удел да се зголеми до 50%. Истовремено, преку Lada оваа Алијанса очекува значително да го зголеми пазарниот уддел во останатите земји од CIS пред се Казакхстан, Белорусија, Украина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK