Алуминиумските фелни полека, но сигурно, ги заменуваат традиционалните бандажи и популарните раткапни. Денес, речиси и да нема автомобил без алуминиумски фелни, а поради естетската привлечност тие се составен дел и од многу постари автомобили.
За алуминиумските фелни како составен дел од автомобилот како и за се останато поврзано со автомобилите, има бројни аргументи за нивното користење, но и против користењето. Истите се прикажани во продолжение, а вие одлучите дали би ги користеле или евентуално отстраниле од вашиот автомобил.
АРГУМЕНТИ ЗА
- Дава посебна убавина на автомобилот
- Ја смалува вкупната тежина
- Ја подобрува стабилноста
- Подобро ја спроведува топлината
- Подобро ги лади дисковите
- Го намалува ризикот од оштетување на трапот
АРГУМЕНТИ ПРОТИВ
- Значително поскапи од челичните
- Често бараат вградување на гуми со ниски профил
- Го отежнуваат маневрирањето и паркирањето, а воедно ја зголемува веројатноста од оштетување
- Поради зголемената ширина, се забрзува трошењето на гумата