Познати цените за новата BMW Серија 3

ОБЈАВЕНО НА:

Иако официјалниот старт на продажбата е закажан за 19 март следната година, германскиот производител BMW и официјално ги објави цените за овој модел на германскиот пазар.

Цените за овој автомобил почнуваат од 38.850 евра за најосновниот модел па се до 49.450 евра, која е почетна цена за основниот пакет на опрема за серија 3 со најмоќниот BMW мотор. При тоа, понудата е составена од два бензински и три дизелски мотори.

Почетната цена за BMW 320i кој доаѓа со бензински мотор со 1.998 ccm, 184 КС и осум степен автоматски менувач изнесува 39.950 евра. Почетната цена на другиот бензински мотор кај моделската подизведба 330i која распоалга со 258 КС и осум степен автоматски менувач изнесува 44.750 евра.

BMW Serije 3

Цената на BMW 318d кој доаѓа со дизелскиот мотор од 1.995 ccm и 150 КС, како и шест степен мануелен менувач изнесува 37.850 евра. Цената со помоќен дизелски мотор со 190 КС изнесува 40.450 евра.

Цената на xDrive изведбата на 320d изнесува 45.100 евра, а оваа верзија располага со 190 КС, осум степен автоматски менувач, погон на сите четири тркала и максимална брзина од 233 км/ч. Најмоќниот дизелски мотор располага со 2.993 ccm односно 265 КС. Со овој мотор во понуда е осум степен автоматски менува, заден погон, а почетната цена изнесува 49.450 евра.

Инаку овој модел, BMW премиерно го претстави на саемот во Париз. Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK