Volkswagen Beetle или популарно познат како Буба, е еден од најпопуларните и нјапродаваните модели на германскиот производител. Иако е продаден во 21.529.464 единици во периодот од 1938 до 2003 година, побарувачката за овој автомобил во круговите на вљубениците во олдтајмерите е и натаму голема.
Оваа побарувачка го натерала внукот на Руди Цварич својата Буба да ја постави на продажба на сајтот Hemmings и тоа верувале или не по почетна цена од еден милион американски долари.
Целата приказна ја започнал Руди Цварич кој во 1964 година го купил овој автомобил како нов и во периодот од 1964 се до 2014 година поминато околу 37 илјади километри. Оваа километража како и самиот податок дека најголем дел од својот животен век, овој автомобил го поминал во гаража во Портланд (САД) му даде за право на внукот на Руди овој автомобил да го огласи за еден милион американски долари.
Дека автомобилот е во одлича состојба, ентериерно и екстериерно може да се забележи од фотографиите пласирани на интернет. Интересно е што на автомобилот не се поставени оригиналните бришачи, ретровизори и украсни поклопци туку истите цело време се чувани во оригиналните кутии во кои и се испорачани. Внатрешноста е во својата оригинална форма. Тапацирани оригинални седишта, кој освен таложеата прашина немаат никаква мана. Педалите изгледаат доста сочувано, а сочувана е и целиот ентериер.
Инаку оваа година популарната Буба прославува 80 години постоење, а германскиот производител Volkswagen и официјално објави дека овој модел повеќе нема да биде дел од понудата.