Toyota повлекува над 2 милиони хибридни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот производител на хибридни автомобили, а воедно и најголем производител на автомобили, Toyota, објави дека повлекува 2,43 милиони хибридни автомобили ширум светот и тоа само еден месец откако повлече нешто повече од милион возила.

Главен виновник за повлекувањето на овие возила се проблемите во хибридниот систем чија функција може да ја зголеми опасноста од несреќи, но исто така се утврдени уште неколку дополнителни аномалии на возилата продадени на домашниот, јапонски пазар.

Јапонскиот производител во официјално соопштение објави дека сите аномалии уредно ги пријавила во Министерството за сообраќај на Јапонија, а според јапонските медиуми досега во Јапонија се регистрирани само три случаи со такви проблеми. Сепак и покрај тоа, од Јапонија, Toyota планира да повлече 1,25 милиони возила, 830.000 од Северна Америка, 290.000 од Европа, 3.000 од Кина и околу 60.000 од останатите региони.

Најголем дел од повлечените автомобили се од моделот Prius и Auris произведени во периодот од октомври 2008 до ноември 2014 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK