Мажите се полоши возачи од жените

ОБЈАВЕНО НА:

Споровите околу тоа дали жените или мажите се подобри возачи датираат веќе со децении, но последното истражување донесе победа за победа за понежниот пол. Во прашање е статистика на сообраќајните престапи на патот направени од мажите и од жените, собрани во држава со виско ниво на продор на автомобилите во општеството и редовна експлоатација. Таа земја е Велика Британија.

Интересно е што Британците се многу опасни зад воланот, притоа се и склони кон повторување на грешките. Единствениот престап при кој и мажите и жените имаат исти бројки е возењето после употреба на алкохол.

Статистиката е собрана меѓу јануари 2014 и јули 2018 и во овој период правото да возат во Велика Британија го загубиле 421.565 мажи, додека бројот на казни со иста санкција кај дамите е 66.272. Најопасни зад воланот се мажите на 26 години. На оваа возраст правото за возење го загубиле 18.107 возачи.

Поточната статистика покажува дека тој сооднос доаѓа при разни нарушувања. Мажите, казнети за опасно возење се 23 пати повеќе. При возење без возачка дозвола разликата е 16 пати, додека при употреба на наркотици е 15 пати.

При овие разлики треба да се отчита и фактот дека мажите возачи се многу повеже во споредба со бројот на жените, сметајќи ги и во најразвиените земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK