Првиот автономен автомобил полни 50 години

ОБЈАВЕНО НА:

Беше септември 1968 година кога а полигонот Контидром во близина на германскиот гран Лјонебург беше спроведен првиот успешен обид на возење на автомобил без возач односно автономен автомобил.

Во целост развиен од германскиот технолошки гигант Siemens како и Westinghouse и студенти од техничките универзитети во Минхен и Дармштад, овој автомобил бил развиен врз основа на Mercedes Benz 250 со што во историјата овој модел на германскиот прозиводител се запиша како првиот автономен автомобил.

Иако многу примитивно во однос на денешната технологија, овој автомобил бил опремен со електромеханичко управување како и дополнителни рачно развиени механики. Тука се и индуктивните сензори монтирани на предниот и задниот дел од автомобилот кој го мерат напонот на магнетното поле од електричните проводниици.

Оваа технологија била премногу ригидна што во случај на принудно застанување, потребно е возачот односно патникот рачно да направи неколку подесувања. Поради тоа, тогаш младиот инжинер, а денес 78 гоидшен пензионер Ханс Јорген Мајер изјави дека овој автомобил се движел по “жици”, но исто така истакна дека и покрај се тие успеале да го создадан првиот автономен автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK