Објавен првиот тизер од електричниот Ford Mach 1

ОБЈАВЕНО НА:

Започна реализацијата на стратегијата за електрификација на Ford откако во март годинава првите луѓе на американската компанија ги најавија плановите за електрична индина на Ford.

Само неколку месеци потоа, најголемиот американски производител ја објави првата тизер фотографија од целосно новиот модел кој ќе го носи називот Mach 1. Како што се најавува, овој модел ќе биде со спортски карактер и ќе биде целосно електрични кросовер. Автономијата ќе изнесува околу 480 километри

Спортскиот карактер може да се забележи од објавената тизер фотографија од страна на Ford Team Edison, интерен тим во Ford задолжен за развојот на електрични автомобили. Од фотографијата може да се види дека станува збор за купе кросовер изграден на новата C2 платформа. Спортскиот карактер може да се забележи по задните светла кои се слични како и кај моделот Mustang па оттука американскиоте медиуми пренесуваат дека овој модел е инспириран токму од Mustang и големиот SUV на Ford, Explorer.

Иако нема официјална потврда, дебито на оовј модел се очекува да се случи кон крајот на следната година, не подоцна од почетокот на 2020 година, година кога се очекува да влезе во сериско производство, но и да биде достапен во продажната мрежа на Ford.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK