Откако оваа година Seat ги претстави амбициозните планови во однос на Cupra, веќе и официјално е потврдено дека целосно новиот и самостоен Cupra модел премиерно ќе биде претставен веќе следната година.
Иако засега нема многу информации околу овој модел, најпопуларниот италијански авто магазин Quattroruote објави рендер од можниот изглед на купе кросовер моделот кој ќе биде претставен на крајот на следната година.
Овој прв Cupra модел се развива врз истата платформа како и Ateca, а идентични се очекува да бидат и димензиите вклучително и меѓуоскиното растојание. Во однос на моторите, овој модел повеќе од сигурно е дека ќе има далеку подобри перформанси во однос на Ateca и останатите модели во моменталната понуда на шпанскиот бренд.
Инаку под знакот на Cupra веќе се наоѓаат неколку спортски изведби на сеатовите модели како што се Leon и Ateca. Планот е сите модели на Seat да добијат спортска верзија под знакот на Cupra, но планирано е во рамките на овој бренд да бидат претставени и многу други модели авентични само за Cupra.