Во следните три години во понудата на Alfa Romeo ќе се појават две нови СУВ возила. Едно од нив ќе биде најсилниот СУВ, кој ќе се бори за клиенти со Audi Q7, додека другото возило ќе биде компактен кросовер, кој ќе биде ривал за клиентите со моделите како Volvo XC40, BMW X1, Audi Q3 и Range Rover Evoque.
Малото СУВ ќе биде направено на платформата Giorgio, на која се базирани и седанот Giulia и Stelvio. Основните верзии ќе бидат со погон на задните тркала, а двоен погон ќе се нуси со дополнително плаќање.
Понудата на мотори ќе се состои од 2.0-литарски четирицилиндрични бензинци и хибриден погон. Автомобилот ќе добие и систем за автономно управување од трета генерација и ќе може да се движи без помош на возачот по одредени патишта.
Alfa Romeo исто така ќе биде и хибридно возило. Моќта ќе биде околу 400 коњски сили и ќе се состои од 2.0-литарски бензинец со 48-волти електричен турбокомпресор.