Комплетната понуда на патнички автомобили на Peugeot што е на располагање на клиенетите ги исполнуваат новите протоколи WLTP што почнаа да се применуват од 1 септември.
Благодарение на технологиите, кои се вклучени во моторите PureTech и BlueHDi, лансирани во септември во 2017 година, автомобилите од брендот Peugeot се во согласност со граничните нивоа на NOx, CO и тврдите честички. Бројките се утврдени во новите правила за мерење на горивото и емисијата на штетни гасови, а истата влезе во сила на 1 септември.
PSA Group инвестира во најефикасните технологии за контрола на загадувањето, вклучувајќи го и системот за селективна каталитичка редукција (SCR), воведена во 2013 година кај моторите BlueHDi и филтер за тврди честички (GPF) кај бензиновите мотори со директно вбризгување PureTech.
Новиот протокол WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicle Test) од 1 септември стана задолжителен за сите патнички автомобили кои се продавани во Европската унија. Тестирањето по WLTP се доближува максимално до реалните услови за возење во однос на растојание, средна брзина, бројот на запирања и температура.
Тие тестови изведуваат сертифицирани податоци за расходот на горивото и емисиите, кои се репрезентативни за користење и точната конфигурација на автомобилот. Како надополнување на тест резултатите за емисиите на CO, NOx и тврдите честички се проверуваат во реални услови на патот.
Peugeot исто така продолжува да нуди проценка за потрошувачката на гориво на своите модели во реални услови во согласност со протоколот, разработен заедно со две невладини организации – Transport & Environnement и France Nature Environnement, а резултатите се сертифицираат од Bureau Veritas.