Audi го стопираше производството на RS3

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi го стопираше производството на RS3 моделот во фабриките во Инглоштад и Ѓер на неодредено.

Причината зад оваа одлука на Audi се новата WLTP (Worldwide harmonized Light vehicles Test Procedure) регулатива си која строго се регулира емисијата на штетните гасови. Овој модел на Audi не ги исполнува сите барања на оваа регулатива па поради ова привремено е стопирано производството.

Стопираното производство се однесува на подизведбите наменети за земјите од Европска Унија каде што и важи оваа регулатива додека на останатите пазари ќе продолжи продажбата на овој модел. Од Audi немаат точен датум кога ќе продолжи производството, но германските медиуми пишуваат дека тоа би продолжило на почетокот на следната година.

WLTP регулативата значајно влијае врз производството на автомобили во Европската Унија. Строгите регулативи веќе направи неколку проблеми на авто производителите. VW Групацијата поради истата причина мораше да ги модификува моделите Seat Leon Cupra и Golf GTI кои со цел да ги задоволат овие правила мораа да ја намалат моќноста за до 10 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK