Возачи внимавајте: Дождот после големите горештини е опасен како и поледица

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на возачи секоја година ја повторуваат истата грешка потценувајќи го првиот дожд после долгите летни горештини. Тоа е голема грешка која може да се покаже како кобна бидејќи влажен асфалт во текот на летото е опасен како поледица во текот на зимата.

Сепак, искусните возачи знаат дека е потребно да се биде многу внимателен при првиот дожд после долготрајните жештини. Кога после летните горештини ќе падне првиот дожд се навлажнува целиот асфалт и се создава лизгав слој кој е комбинација од слојот на прашина, која се собира со денови и недели, и вода.

Тој лизгав слој го нарушува контактот на гумата со асфалтот без разлика од нивната состојба. Проблемот особено е изразен на патиштата по должината на брегот, кои по правило се од полош квалитет од оние на континентот. Летните дождови би биле далеку помалку опасни деоколку површинскиот слој на асфалтот е изведен порапаво, како кај поголемиот дел од патиштата во странство.

Значи, што почнат првите капки на дожд треба да ја намалите брзината и да се прилагодите на новите услови на патот бидејќи првите минути од дождот после долготрајните жештини знаат да биде прилично незгодни и преполни со неочекувана опасност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK