Од Ferrari планираат на 17 септември да го промовираат својот нов модел. За тоа засега се дознава од доста скриена покана за промоција од страна на италијанскиот бренд.
Ferrari користи скрипта секција на официјалниот сајт, за да ги покани сопствениците на автомобили од брендот на премиерата следниот месец. Изгледа дека таа нема да биде отворена за медиумите, со оглед на тоа што на истата ќе има дозволен влез само на сегашни сопственици на возилата на Ferrari.
Според неофицијална информација, новиот модел ќе се базира на 812 Superfast, а ќе го носи името 812 Monza. 6.5-литарскиот 12-цилиндричен мотор на машината ќе биде преработен за да може да има повеќе од сегашните 788 коњски сили.