Компанијата од Кореја, Hyundai сака да ги направи идните модели поекспресивни и поемоционални од тие на Alfa Romeo. Секој автомобил од понудата треба да биде уникатен, а во исто време ќе ги зачува цртите на фирмата.
Идејата на Корејците е да извлезат од таканаречената унифицирана стилистика. За тоа зборува во своето интервју за Automotive News, потпретседателот за дизајн, Сан Јуп Ли. Тој пред да почне да работи во Hyundai Motor работел на дизајнот на Chevrolet Camaro, Corvette Stingray и Bentley EXP 10 Speed 6.
Според него Maserati и Alfa Romeo се најсекси автомобили па дури и германските брендови почнале да позајмуваат сè повеќе од стилот на Италијанците.
Во текот на пролетта во оваа година, шефот за дизајн на Hyundai Лук Донкерволке изјави дека сè помасовното користење на еден стил ги прави возилата здодевни, па тој сака да ги смени. Првите модели од новиот стил на Hyundai ќе бидат претставени на крајот на на оваа или на почетокот на следната година.