Се е можно кога е во прашање штедењето на пари. Ако пред само неколку години читавме за тоа како англичанец со операција си го намалил желудникот за да заштеди на храна, деновиве е актуелна вест која доаѓа од Канада. Како што пишуваат канадските медиуми, 23 годишен канаѓанец си го променил полот, а причината за тоа е, верувале или не, заштедата на годишна регистрација.
Неименуваниот 23 годишник, поради бројните сообраќајни незгоди и казни, морал да плати зголемена регистрација како последица од зголемената осигурителна полиса. Така, од својот буџет годишно требал да издвојува 4.500 канадски долари. Сепак тој “доживеал” неправда кога дознал дека доколку го смени полот (а со тоа и идентитетот) тој ќе треба да плати 3.400 канадски долари што е заштеда од 1.100 долари годишно.
Иако побарал референтот во апликацијата да му го промени полот за да плати помалку, тој добил негативен одговор. Сепак тука не застанал. Истражувајќи дознал дека за да го промени полот, согласно законите во Канада, потребно било да добие само потврда од лекар дека се чувствуа како жена.
Тоа и го направил по што од осигурителната компанија му дозволиле да ја добие осигурителната полиса за регистрација по поовластена цена од 3.400 долари.
Неидентификуваното лице за јавноста по епилогот за локалните медиуми изјавил дека најпрво бил многу гневен поради тоа што осигурителната компанија не му ја прифаќало апликацијата, но на крајот е задоволен од крајниот исход.