Возрасна жена возела украден автомобил цели две недели, а сето тоа било направено по грешка. Жителката на градот Корнуол во провинцијата Онтарио во Канада земала под наем Nissan Sentra и отишла да пазарува во блискиот супермаркет. Штом завршила со купувањето дома си заминала со туѓо Infiniti QX50.
Двете возила не си наликуваат, но биле со иста боја, а „крадачката“ уште се немала навикнато дека имала изнајмено Sentra. За иронијата да биде поголема и двата автомобили биле снабдени со стартување без клуч, а сопственикот на возилото Infiniti ги заборавил клучевите во купето, па на тој начин и ја олеснил задачата на жената да си замине со кросоверот.
Таа утврдила дека нешто не е в ред половина месец подоцна откако открила отпушоци во пепелникот, чанта со комплет стикови за голф во багажникот и документи во делот за ракавиците. Се вратила со „украденото“ Infiniti во канцеларијата на компанијата откаде го земала под наем автомобилот со намера да крене скандал дека и го дале неисчистен.
Тогаш почнала целата мешаница бидејќи службеникот и кажал дека компанијата воопшто нема возило QX50. Тој успеал да се сети дека некој возрасен маж сакал да изнајми возило бидејќи некој го украл неговото Infiniti и повила полиција.
За среќа на „крадачката“ полицајците брзо утврдиле за што станува збор и што се случило и не ја уапсиле. Такво дејствие немало смисол, па кросоверот му бил вратен на сопственикот без штети, со оглед на тоа дека дамата се покажала како одличен шофер.