Горештините носат проблеми: Се топат патиштата во Велика Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Камион на комуналната хигиена во градот Newbury во Велика Британија потона во асфалтот поради жешкото време. На рекордно измерените 33 степени во неколку места во Велика Британија имало проблеми со оглед на тоа што патиштата на островот не се прилагодени за така топли лета.

Фотографиите од Обединетото кралство покажуваат дека се направени дупки на патиштата поради големата жештина, а синоптичарите тврдат дека најтопло било во Лондон.

Локалните власти предупредуваат дека вакви температури се опасни и за здравјето на лицата со висок крвен притсок, а брзата помош е постојано активна. Инаку, илјадници лица морале да чекаат повеќе од час за да купат билети за турнирот во тенис „Вимблдон“ што исто така се игра како ретко кога по високи температури.

Како ли само би им било на Британците ако мораат да живеат на места како нашиве и да се соочуваат со секојдневни температури во текот на летото што се речиси и до 40 степени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK