Научна студија: Зошто ни се приспива зад воланот?

ОБЈАВЕНО НА:

Oд Техничкиот универзитет од Мелбурн направија студија во која дадоа одговор на едно многу важно прашање. Се обидоа да одговорат на прашањето – Зошто ни се приспива зад воланот?

Според нив основната причина за сонливоста на многу лица зад воланот се крие во природните нискофреквентни вибрации.При истражувањето на научниците од Австралија учество земале и 15 доброволни, кои седеле во специјален симулатор, кој имитира монотоно движење по пат надвор од градот.

Некои од доброволците се подложени на нискофреквентните вибрации (4-7 херци). За време на тестот се следи и ритамот на срцето, а се покажува дека кај оние доброволци кои биле подложени на вибрациите уште после 15 минута почнуваат да се мачат со сонливост. После 30 минути степенот на сонливост расте двојно, а после еден час заспиваат.

Интересен е фактот дека таквите нискофрекветни вибрации имаат такво влијание кај голем дел ов возачите. На други фреквенции возачите не се внесуваат, туку напротив се расонуваат и стануваат посвесни зад воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK