Поврзувањето на корисното со удобното, излегувањето на автопат секој ден со ист ентузијазам, оптимизација на времето, загарантирана безбедност и стабилност во секоја ситуација, е понудата која брендот PEUGEOT го намени на своите бизнис корисници со ставањето на новиот модел Peugeot PARTNER на пазарот на лесни комерцијални возила.
Со сериски опремениот состав PEUGEOT i-Cockpit®, невиден во класата, новиот Peugeot PARTNER дава ново искуство на возење во опкружувањето кое придонесува за поголема продуктивност.
PEUGEOT оттаму почнува вистинска револуција во сегментот на вановите почнува со подинамичен и простран пристап на совршена комбинација на разноликост на употребата и уживањето во возењето, кое го чини самото јадро на брендот.
Со енергичниот дизајн, кој е практичен и елегантен, новиот Peugeot PARTNER е опремен со потполно нова понуда на систем за помош при возење, исто ниво како и кај поновите лимузини. Претставени се две големи и едноставни иновации: индикатор за преоптоварување и Surround Rear Vision, кој овозможува преглед на мртвите агли со помош на камера.
Благодарение на димензиите кои совршено се вклопуваат во сегментот, покрај поголемата удобност и досега најпратичниот и најмодуларниот товарен простор, ова возило е вистински мобилен уред, кој делува поттикнувачки и ослободува од стрес.