Каде е најскапо, а каде е најевтино да се пие кафе низ светот

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамки на големото годишно истражување за цените и заработувачката направено од страна на Швајцарската банка и компанија за финансиски услуги UBS (United Bank of Switzerland) беа објавени интересни информации меѓу кои се и цените на кафе во различни градови низ светот.

Истражувањето се занимаваше со цената на една шолја кафе во вообичаено кафуле. Споредувани се цени на шолја црно кафе во просечна големина без млеко и шеќер.

Главниот град на Катар, Доха се наоѓа на врвот на листата. Тука луѓето во просек мораат да издвојат 5,47 евра за една шолја кафе.

На второто место е Копенхаген, а во престолнината на Данска за шолја кафе треба да се плати 4,98 евра. Во Дубаи, пак, сумата е 4,87 евра, додека во Цирих 4,26 евра.

На листата следат Шангај со 3,93 евра, Пекинг 3,78 евра, Виена 3,71 евра и Москва 3,67 евра, додека кафето е нешто поевтино во Њујорк. Таму просечната сума е 2,67 евра.

Нешто поповолни цени имаат Њу Делхи, каде шолја кафе во просек чини 1,30 евра, Сао Паоло со 1,28 евра, Јоханезбург 1,27 евра, Истанбул 1,2 евра, Каиро 1,15 и Милано 1,14 евра.

Најповолните цени за кафе се во Мумбаи од 0,9 евра, Рим 0,85, Лисабон 0,63 и Лагос 0,53 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK