Сакате сонце? Смачено ви е од облачно време и врнежи? Тогаш треба дефинитивно да размислувате за посета на еден од најсончевите градови во Европа.
За разлика од ладниот север, најсончевите градови во Европа се сместени во јужниот и крајниот западен дел на Европа, а при тоа, тоа не се познати летни летувалишта, туку големи градови лоцирани како крај брегот така и во внатрешноста на земјите.
Во продолжение ви ги прикажуваме најсончевите 10 градови во Европа каде најлошопласираната Подгорица годишно има 2.480 часа сонце додека главниот град на Малта, Валета има 2.957 часови сонце годишно. Иако не е во топ 10те градови, Скопје котира високо на листата со 2.339 часови годишно.
Подгорица (Црна Гора) – 2.480 часови сонце
Барселона (Шпанија) – 2.524 часови сонце
Тирана (Албанија) – 2544 часови сонце
Ница (Франција) – 2.724 часови сонце
Монако (Монако) – 2.724 часови сонце
Мадрид (Шпанија) – 2.769 часови сонце
Атина (Грција) – 2.771 часови сонце
Лисабон (Португалија) – 2.799 часови сонце
Марсеј (Франција) – 2.858 часови сонце
Валета (Малта) – 2.957 часови сонце