Лудост: Нигериец го погреба својот татко во ново BMW X6

ОБЈАВЕНО НА:

Богатaш од Нигерија плати 32 милиони нигериски наири (75.500 евра) за потполно ново BMW X6, кое го искористи место ковчег за да го погреба својот татко. Синот кој се вика Азубуике му ветил на својот татко дека ќе му купи брз и луксузен автомобил, но не успеал да го израдува додека бил жив.

Баварското купе било положено во гробот. Жителите на селото Ихијала Лга, недалеку од градот Анамбра, каде била церемонијата, биле спокојни дека починатиот ќе го најде лесно патот до препородувањето бидејќи BMW-то имало навигација.

Погребите во автомобил почнуваат да се претвораат во мода во Нигерија. Во 2015 година локален милијардер во градот Енугу во јужниот дел од земјата ја испрати својата мајка во потполно нов Hummer. Неодамна во Кина беше погребан маж во омиленoтo Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK