Во Кина од следната година сите автомобили со RFID чип за следење

ОБЈАВЕНО НА:

По воведувањето на задолжителна (напредна) безбедносна опрема кај сите нови автомобили во САД и Европа, и Кина воведува новитет во поглед на опремата на новите, но и постоечките автомобили.

Како што пренесуваат повеќето светски медиуми, од следната година сите нови автомобили кои ќе се продаваат во Кина и веќе постоечките кои ќе се регистриаат ќе мора да имаат систем за следење. Станува збор за напредната RFID технологија чиј чип ќе се наоѓа на предниот дел од ветробранското стакло, а целта е преку овој чип да се следи сообраќајот, загадувањето и јавната безбедност.

Кинеските власти веќе неколку години интензивно работат на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, растеретувањето на гужвите во градовите и намалувањето на загаденоста, а како што соопштуваат од Министерството за Транспорт на Кина, оваа најнова на доброволна основа ќе започне да се спроведува од јули годинава додека од следната година при секоја регистрација веќе постоечките возила ќе добиваат ваков чип.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK