Од следната година Land Rover Discovery ќе се произведува во Словачка

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека Словачка е повеќе од рај за автомобилските произведители. Последната вест поврзана со автомобилската индустрија во оваа земја доаѓа од JLR (Jaguar Land Rover) од каде соопштија дека од следната година производството на Discovery ќе биде преместено од Солихал (Велика Британија) во новата фабрика во Нитра (Словачка).

Преместувањето на производството во Словачка ќе значи голем удар за локалната економија на овој англиски град што ќе резултира со укинување на неколку стотици работни места.

Претходно благодарение на реорганизацијата во самата компанија од оваа фабрика беа отпуштени и дополнителни 1.000 вработени, а таа бројка во наредниот период може да се удвои пред се по модернизирањето на фабриката со што високата и напредна технологија ќе ги замени луѓето како клучен ресурс при производствените процеси на овие автомобили.

Инаку во моментов во Словачка свои фабрики имаат Volkswagen (Братислава), PSA Групацијата (Трнава) и Kia (Жилина), a исто така постојат уште 100тина други фабрики кои произведуваат најразлични делови за автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK