Националната железничка компанија во Швајцарија (SBB) е најдобриот железнички превезувач во Европа. Ваквиот податок стана познат после објавувањето на информацијата од Great Train Comparison Report.
Објавени се 16-те најголеми европски железнички оператори во 12 категории, но само такви кои нудат висока брзина, дневни возови на долги релации со дистанца од најмалку 400 километри.
Швајцарските железници добија највисоки резултати во четири од нив, што и ја донесе титулата „најдобар“ на оваа компанија. SBB е лидер на семејните услуги, а возовите се опремени со специјални зони за семејно патување, а има и простор за децата. Швајцарскиот оператор заедно со шпанската државна железничко-патничка компанија Renfe, го нуди и најдоброто опслужување на патниците со намалена подвижност. Како дополнување, транспортот на SBB е признаен и за најудобен за велосипедисти и за љубителите на зимските спортови.
Меѓу топ 3 компании се наоѓаат и германската Duetsche Bahn (DB) и Австриските железници ÖBB. Германците и Австријците се лидери во превозото на туристи. Овие оператори не бараат резервации или дополнителни такси од патниците кои живеат надвор од Европа, а нудат и бесплатен Wi-Fi интернет и доволен простор за големи ранци.
Deutsch Bahn исто така се гордее со тишината, ангажираноста кон одржливоста на транспортот, попустите за топли напитоци при испорака на сопствена чаша и др.
За најбрзата железнечко-патничка компанија во Европа е признаена француската SNCF, додека Czech Railway (Чешка) – за компанија која ја нуди најдобрата храна.