Наскоро пристига новиот Peugeot 2008

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Peugeot 2008 беше втор најпродаван кросовер во својот сегмент, а наскоро пристига неговиот наследник, кој ќе има многу сериозна задача. Во Peugeot не се сомневаат дека ја имаат формулата за успех и веруваат во уште подобри резултати.

Се очекува новата генерација од Peugeot 2008 да биде претставена на саемот во Париз. Новиот модел би требало да биде со поголеми димензии, а со дизајнот да биде налик на поуспешниот 3008. Покрај тоа што ќе има привлечен изглед ќе има и поголема понуда на простор во внатрешноста на патничката кабина, а новиот 2008 би требало да биде и далеку поудобен.

Во Peugeot одлучиле и да не штедат на опрема, а возачот во внатрешноста го очекува најнова верзија на i-Cocpit со дигитална инструмент плоча. Посебен акцент ќе биде ставен на безбедноста, па може да се очекува и низа на разни помошни системи за возачот.

Купувачите ќе ги привлекува и со штедлива моторизација односно на купувачите ќе им бидат понудени и 3 и 4 цилиндрични бензинци и дизелски турбо мотори. Најпопуларниот избор ќе биде бензинез 1.2 и дизел 1.5 HDI. Исто така е можно 2008 покрај новиот 208 да биде достапен и во електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK