Колекционерите на автомобили не запираат да ги полнат своите гаражи со најнови модели на скапи возила. Издвојуваат и цело богатство за да успеат да го добијат омиленото возило, а веќе е направена и листа на десетте најскапи модели кои се продадени на аукција.
Се работи за десет возила кои се најскапо продадени во историјата на аукциите. Сепак, постојат и приватни продажби како онаа од 2013 година кога Ferrari 250 GTO од 1964 година наводно бил продаден за 52 милиони евра. Во ноември минатата година уште еден Ferrari GTO бил понуден на продажба за сума од 56 милиони долари.
Десетте автомобили на листата на најскапо продадените возила се со вкупен износ од 268 милиони долари, а тоа се:
– Ferrari 250 GT SWB California Spider (1961) – 18,5 милиони долари.
– Alfa Romeo 8C 2900 B Lungo Spider (1939) – 19,8 милиони долари.
– Jaguar D-Type (1955) – 21,78 милиони долари.
– Aston Martin DBR1 (1956) – 22.55 милиони долари.
– Ferrari 275 GTB/C Speciale (1964) – 26,4 милиони долари.
– Ferrari 275 GTB/4 S NART Spider (1967) – 27,5 милиони долари.
– Ferrari 290 MM (1956) – 28,05 милиони долари.
– Mercedes-Benz W196 (1954) – 29,65 милиони долари.
– Ferrari 335 S (1957) – 35,71 милиони долари.
– Ferrari 250 GTO (1962) – 38,1 милиони долари.