Што се купуваше најмногу во светот во првите три месеци од годината

ОБЈАВЕНО НА:

Иако беше забележан пад од 1,5 проценти во продажбата во март, сепак, беше забележан пораст во првата четвртина од годината. Најпродавано ново возило е Toyota Corolla на глобален план во првото тромесечие од 2018 година.

Во март моделот бил продаден во тираж од 111.639 примероци додека во првите три месеци се продадени 304.304 возила.

Според податоци од аналитичката агенција Focus2Movie на второто место во Топ 10 на најбарани нови возила во првата четвртина на годината се наоѓа Ford F-Series со подобрување од 1.3% до 248 118 примероци додека на 3. место се наоѓа Volkswagen Golf со 228.786 возила и пораст од 5.9%.

Во Топ 10 на најбараните нови возила се наоѓаат: Honda Civic (+4.4%, 198.507), Toyota RAV4 (+12%, 198.001), VW Tiguan (+9.2%, 194.431), VW Polo (+2%, 173.837), Toyota Camry (+13%, 167.440), Honda CR-V (-11%, 158.786) и Chevrolet Silverado (+5%, 150.730).

Со висок пораст во крајот на првото тромесечие можат да се пофалат кинеското возило Baojun 510 (+408%) до 132.699 примероци како и Jeep Compass со скок од 211% до 103.419.

Добри се и бројките на пазарот на Chevrolet Equinox (+51.3%), Jeep Wrangler (+41,7%), VW Magotan (+38%), Mitsubishi Outlander (+34%), Peugeot 3008 (+31%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK